mchi

Најнови вести

100% безбедна кампања со протоколи за јавни настани

dbi

19.06.2020

Прес-конференција, Коста Петров, потпретседател на СДСМ

Почитувани граѓани,
 
Главен приоритет на СДСМ се граѓаните и нивната благосостојба.
 
Во овие услови на глобална пандемија на коронавирусот и борбата со опасниот и непредвидлив непријател ве уверувам дека ќе одржиме безбедна кампања и 100 процентно безбедно гласање на 15 јули.
 
Нашата кампања ќе биде без митинзи, големите собири и сите потенцијално ризични настани, ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања.
 
До граѓаните ќе се обраќаме на два начини со онлајн дигитални активности и тоа: со видео и графички пораки преку социјални медиуми, пренос на видео конференции во живо преку интернет, гостувања во медиумите, спотови, веб банери.
 
Другата група активности се офлајн и опфаќаат, билборди, печатени програми и летоци , информативно штандови, прес конференции, како и средби со граѓаните со ограничен публика од 50 граѓани на отворен простор и 30 во затворен простор
 
Сите настани ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани.
 
Протоколите, кои целосно ќе ги почитуваме предвидуваат дека
 
1. Сите присутни на јавен настан или состанок мора да носат заштитна маска
 
2. Сите присутни мора редовно да ги мијат рацете или да вршат дезинфекција, која ќе ја обезбеди организаторот.
 
3. Сите присутни мора да одржуваат растојание од 2 метри
 
4. Забрането е групирање
 
5. Бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца.
 
6. Околу локацијата на секој јавен настан ќе бидат поставени КОВИД-19 заштитни станици – пултови, на кои ќе има средства за дезинфекција и маски
 
7. На јавните настани е забрането внесување на храна и пијалаци.
 
8. Подготовката на настаните ќе се одвива онлајн, за да се избегне непотребно физичко групирање.
 
Заради заштита на населението од коронавирус СДСМ ќе води кампања:
 
-  БЕЗ настани на отворено со повеќе од 50 граѓани во публика;
-  БЕЗ настани на затворено со повеќе од 30 граѓани во публика;
-  БЕЗ митинзи;
-  БЕЗ активности од „врата до врата“
 
Ги повикуваме сите учесници на парламентарните избори да ги прифатат протоколите за заштита на здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ итно да престане со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните.
 
ВМРО-ДПМНЕ организирал партиски собир во Ново Лисиче спротивно на сите мерки и препораки за заштита, а Христијан Мицкоски одеше во теретана кога спортските објекти беа затворени, седеше во затворен простор во кафана кога тоа беше забрането.
 
Апелирам до граѓаните да не го следат лошиот пример на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие се закана за јавното здравје.
 
Почитувани,
 
Ве повикувам сите да бидеме дел од решението со коронавирусот и дисциплинирано и одговорно да ги почитуваме мерките за заштита.
 
Чувајте го здравјето и на 15 јули ќе победиме и ќе ја пребродиме оваа криза заедно, единствени и сплотени.
 
Затоа што знаеме како, затоа што можеме.
 
Благодарам.
 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени