mchi

Најнови вести

Со неосновани обвинувања Чулев нема да го спаси Мицковски од одговорност и изборен пораз, може само да добие кривична пријава

dbi

19.06.2020

Реакција на изјава на Наќе Чулев

 

 


Сценарија со политички позадини се обележје на времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Време кога исклучиво фирми и компании блиски на тогашната власт или од кои ВМРО-ДПМНЕ имаше личен интерес и профит грабаа тендери и правеа бизниси.

Неоснованите обвинувања од Наќе Чулев се уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се сменило, ја злоупотребуваат полицијата во нивни партиски цели.

Ако техничкиот министер Чулев сака да брка криминал, нека се позанимава со времето на владеењето на Христијан Мицковски како директор на АД ЕЛЕМ, сега АД ЕСМ.

Чулев нека ги истражи тендерите за набавка и увоз на електрична енергија по енормно високи цени и ангажманите на неговите пријатели за консултанти како адвокати.

Најголемиот успех на Мицкоски, по диктат на Груевски е покачувањето на струјата за 100% и укинувањето на евтината тарифа на струјата кое се случи во 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Токму СДСМ и одговорната Влада што ја предводи ја врати евтината тарифа на струјата, како една од првите мерки кои ги спроведе, а со тоа 11 милиони евра пари останаа кај граѓаните.

Затоа, вака, со неосновани обвинувања Чулев нема да може да го спаси Мицкоски од изборен пораз и одговорност.

Единствено што Чулев може да добие е кривична пријава за неосновано обвинување.

Заврши времето на ВМРО - МВРО и полициски хајки за оцрнување за нив неподобните.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени